Борбата помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон е настанот кој со нетрпение се очекува. Дагестанецот треба да ја брани титулата во лесна категорија. Поради пандемијата со коронавирусот логично се наметнува прашањето дали борбата ќе се одржи.
Мечот е закажан за 18 април во Бруклин. Инаку подрачјето околу Њујорк е едно од најпогодените од вирусот во САД.
Првиот човек на УФЦ Дејна Вајт тврди дека мечот ќе се одржи, со или без публика тоа како што вели не било важно.
- Борбата помеѓу Хабиб и „наочарите за сонце“ ќе се одржи на 18 април. УФЦ секогаш наоѓа начин, со или без навивачи, борбата ќе се одржи. На луѓето дома им е потребна забава. – рекол менаџерот на Нурмагомедов, Али Абделазиз.
OhridNews