Актуелниот европски првак Вардар и полскиот гигант Киелце се соочуват со голем проблем, откако коронавирусот сериозно навлезе во двата клубови. Двете екипи пријавија вкупно 18 позитивни случаи на вирусот ковид -19.
Ваквиот епилог е од двомечот во Лигата на Шампиони. Скопските „црвено црните“ се тестираат веднаш по враќањето од Полска кога еден ракометар пријавил симптоми на вирусот ковид -19, додека „жолтите“ од Киелце се тестираа по препорака од здрвавствените работници после позитивните случаи во Вардар.
Ракометарите, стручниот штаб и логистиката во двата клубови се во карантин, а позитивни случаи се изолирани и се наоѓаат во добра здравствена состојба.
Најодговорно се однесувавме во време на Ковид. Сите играчи беа негативни, бевме на релација сала-дома-хотел, ги почитувавме протоколите, играчи најпофесионално си ги вршеа задачите и ги следеа упатствата. Потоа дојде мечот со Келце, имавме информација дека тројца нивни играчи се сомнителни, но беа овде. По првиот натпревар, немавме позитивни, но по вториот, што се поклопува со период на инкубација, почнаа позитивни случаи и кај нас. Сега бројката е поразителна. Имаме 10 позитивни играчи и еден член на стручниот штаб. – изјави за „G-sport“ тренерот на Вардар, Стефче Алушовски.
Вардар, до крајот на годината, нема да се натпреварува во Лигата на Шампиони. Одложените мечеви со Порто и ПСЖ ќе ги одигра 2021 година.
OhridNews
Пет ракометари позитивни на ковид -19 во Вардар, одложени мечевите со ПСЖ и Порто