Бараж натпреварите за пласман во Втората македонска фудбалска лига-запад кои требаше да започнат утре и да се играат во текот на целата недела нема да се одржат откако се регистрирани позитивни случаи на Ковид -19 помеѓу фудбалерите на Чаклани и Фортуна.
На екипните тестови дури 13 фудбалери биле позитивни на коронавирусот и автоматски баражите се одложуваат, заразените заминуваат во самоизолација а другите фудбалери во изолација. Екипата на Велешта која требаше да започне од 2 рунда во баражот нема официјално заразени фудбалери.
Баражот за пласман во Втора МФЛ-исток ќе се одигра во Штип. За билетот ќе се борат ФК Росоман – ФК Слога Виница. Мечот се игра на 10 јули.
OhridNews