Во последните 24 часа се направени 2617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на ковид-19, од кои 10 во Охрид и 12 во Струга. Најмногу нови случаи има во Скопје, рекордни 303, Струмица 34, Тетово 26, Куманово 22, Прилеп 19, Битола 18, Кичево 17…

Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Куманово (70г), од Прилеп (67г) и еден пациент од Богданци (75г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 23201, бројката на оздравени пациенти е 17111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5266.

OhridNews