Коронавирусот (Ковид -19) се уште го има главниот збор во спортот. Сигурно, после ситуацијата со вирусот во спортот нема да биде исто. Дел од клубовите тешко го пребродуваат периодот без спортски активности, а веќе го имаме првиот клуб кој капитулираше.
Жилина банкротираше
Прв клуб кој го плати данокот на тешката ситуација во светот поради коронавирусот е екипата на Жилина. Седумкратниот првак на Словачка и учесник во Лигата на Шампиони ги известил играчите дека клубот ќе биде ликвидиран и нема да постои. Фудбалскиот клуб Жилини е формиран пред 111 години и пред прекинот на првенството во Словача се наоѓаше на втората позиција.
„Лорд Бендтнер“ и девојката голи на плажа во Данска
Деновите во карантин поради пандемијата на коронавирусот, за сега, најдобро ги поминува некогашниот фудбалер на Арсенал, Јувентус и Милан Никлас Бендтнер. „Лорд Бендтнер“ како што го нарекуваа англичаните во друштво на својата девојка Филине Ропсторф голи се капае на едно езеро во Данска. Сликите на социјалните мрежи ги објави Филине која работи како фото модел во реномирани агенции.
Гвардиола: Пак ќе бидеме весели, ќе играме фудбал но ќе бидеме и малку подебели
Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола призна дека му недостасува фудбалот, но повика луѓето ширум светот да ги почиуваат мерките и препораките во своите земји. Се уште не се знае колку ќе трае паузата во фудбалски првенства, но на никој не му е до фудбал бидејќи се води голема битка со коронавирусот. – Ми недостасува фудбалот и животот кој го имавме пред десеттина дена. Но мора да ги почитуваме правилата кои нам ни ги препишаа докторите и властите. Пак ќе бидеме весели, ќе играме фудбал и веројатно малку подебели. Но важно е да останете дома. – изјави менаџерот на Манчестер Сити.
OhridNews