Повеќе од 850.000 луѓе во светот досега се заразени од коронавирусот Ковид 19, над 176.000 се излекувале, а починале повеќе од 42.000 луѓе..
Во Лондон од коронавирус починало 13-годишно момче, кое немало други здравствени проблеми, пренесува „Гардијан“. Главниот град на Англија се соочува со сериозна закана од пандемијата, поради што градоначалникот Садик Кан упати апел до фудбалските клубови Арсенал, Челзи, Кристал Палас, Вест Хем, Тотенхем, Фулам, QPR, Брентфорд и Фулам, да го отстапат својот медицински персонал и опрема во борбата со коронавирусот.
Во Холандија, пак, 101-годишна жена го победи опасниот вирус Ковид 19, што влева малку надеж во борбата со пандемијата со која се соочува целиот свет.
Во Шпанија во последните 24 часа починале 849 лица, најмногу на планетата. Во Италија во истиот период умреле 837 лица, со што бројот на починати во оваа земја се искачи на 12.428, а заразени се над 105.000 лица, од кои 4023 во изминатото деноноќие. Со тежок ден де соочи и Франција каде починале над 400 лица.
Најмногу заразени од коронавирусот има во САД, над 160.000, а најмалку 3400 починале. Најдраматично е во Њујорк, каде каде во изминатите 24 часа од Ковид 19 се заразиле 1193 вработени во полициската управа. Од нив 1048 биле полицајци, а останатите цивили. Вкупно се заразени 5674 полициски службениници, што е петина од нивниот број во Њујорк.
Израел, каде се забележани 17 смртни случаи и над 5000 заразени, денеска објави дека фабрика за ракети пренаменил за производство на респиратори. Министерството за одбрана предупреди дека земјата има само 2000 респиратори и дека и се потребни уште во борбата со пандемијата.
OhridNews