Бројот на новозарaзени и починати од коронавирусот Ковид 19 во Шпанија драматично се зголемува од ден на ден, а земјата се повеќе наликува на тоа што се случува во Италија. Само во текот на изминатиот ден во Шпанија се регистрирани 4540 нови случаи, а бројот на починати од 514 се искачи на 2800. Конференцискиот центар во Мадрид се адаприра за болница за 5500 пациенти, а големото лизгалиште во шпанската престолнина е претворено во мртовечница. И натаму загрижувачки проблем претставува големиот број заразени медицински лица, кој секојдневно расте.

Во Италија и натаму состојбата е алармантна. По благото намалување изминатите два дена, во последното деноноќие регистрирани се 743 смртни случаи предизвикани од коронавирусот и 5249 новозаразени.

Во Германија во последните 24 часа се заразиле  4764 лица.

Во соседна Србија, каде има 301 случај, од коронавирус се заразило 7-месечно бебе, а во БиХ забележана е уште една жртва, жена која не пријавила дека имала контакт со ќерката која живее во Италија. Во оваа земја има 166 заразени од коронавирус.

Словенија каде има над 400 случаи на коронавирус од полноќ започнува со контрола на границата со Австрија, слична на таа која е воведена на границата со Италија.

Во меѓувреме седум европски земји започнаа клиничко испитување на четири експериментални лекови против коронавирусот Ковид 19 на околу 3200 пациенти, објави француското министерство за здравство.

Бројот на инфицирани од коронавирусот во светот се искачи на речиси 400.000. Последните 100.000 пациенти се регистрирани за 2,5 дена. Во моментов во изолација се речиси 2 милијарди граѓани. Последна земја која најави строги мерки и изолација е Индија која има 1,3 милијарди жители.

OhridNews