Германската канцеларка Ангела Меркел е во карантин, откако се сретнала со лекар за кој се испоставило дека е заразен од корона вирус, објави RT. Нејзиниот портпарол изјавил дека канцеларката ќе биде тестирана наредните денови.
Инаку Германија соопшти дека на две недели ќе го забрани групирањето на повеќе од двајца луѓе, со цел да се спречи ширењето на пандемијата.
Состојбата во Италија и натаму е драматична. Во последните 24 часа во земјата од коронавирус починале 651 лице, со што бројот на жртви се зголеми на 5400.
Бројот на починати од вирусот Ковид 19 драматично расте и во Шпанија, каде до сега се регистрирани 1720 жртви.
Грција прогласи полициски час, а Србија, каде исто така на сила е полициски час, објави дека од коронавирус во земјата се заразени 222 граѓани.
До денес коронавирусот е регистриран во 184 држави во светот, каде има 318.000 заразени, а починале 13.000 луѓе.
OhridNews