Екипата на Работнички ги откажа подготовките во Охрид, откако во нивниот клуб беше регистриран позитивен случај на вирусот Ковид -19.

Иако фудбалерот нема симптоми на коронавирусот, ФК Работнички како социјално одговорен колектив одлучи во моментот да ги одложи подготовките и да ги следи протоколите при ваква ситуација. Сите членови на тимот, стручниот штаб и вработените во клубот пред десетина дена имаа негативни тестови, но сега повторно ќе бидат тестирани, а и фудбалерот кој има позитивен тест ќе замине во задолжителна изолација и потоа повторно ќе се тестира, до повторно враќање во екипата со негативен тест. – стои во соопштението од Работнички.

Клубот од Дебар Маало требаше да допатува и да одработи еднонеделни подготовки во Охрид со дополнителни два тест натпревари.

Ова е втор случај во летниот подготовки коронавирусот да нападне клуб од елитата. Претходно позитивни случаи беа регистрирани во Македонија Ѓорче Петров.

OhridNews