Охрабрувачките информации за продолжување на фудбалските натпревари во Бундес лигата паѓаат во вода, откако позитивни случаи на Ковид -19 беа регистрирани во екипата на Келн.
Германскиот клуб потврди дека тројца фудбалери се позитивни на коронавирусот. Тројцата членови во екипата се префрлени во самоизолација, но чудно, останатите играчи ќе тренираат и нема да поминат задолжителен карантин.
Ваквиот развој на настаните воопшто не му оди во прилог на германците, кои планираа рестарт на сезоната во текот на овој месец. Сега, ќе следуваат нови состаноци со надлежните лица и нови информации околу продолжението на мечевите во Бундес лига.
OhridNews