Во денот кога на над 180 радио стадиници ширум Европа ечеше легендарната песна „You’ll never walk alone“, стигнаа информации за величенствени потези на Садио Мане, Дејан Станковиќ и Фудбалскиот клуб Рома од Италија.
Мане испрати финансиска помош за докторите во Сенегал
Фудбалерот на Ливерпул на докторите во родната земја им испрати финансиска помош од 40 000 евра во борбата со коронавирусот. Мане е познат по хуминатарните акции и потези кои констатно ги поддржува. Тој цврсто стои на земја иако во светот на фудбалот го има епитетот на супер ѕвезда.
Станковиќ донираше медицинска опрема во болницата во Белград
Коронавирусот зема голем земав во Србија. Земјата прогласи вонредна состојба и воведе полициски час за да го ограничи движењето. Тренерот на Црвена Ѕвезда Дејан Станковиќ донираше медицинска опрема во болницата во Белград која со сите сили се бори против опасниот вирус.
Рома со поддршка за болниците во најпогодените краеви
Италија е најголемото жариште на коронавирусот во Европа. Популарните „азури“ се соочуваат со големи човечку загуби, а бројот на заразени лица секојдневно растат. Рома по тој повод подготви вредна донација за болниците во најпогодените краеви. Во Рим ситуацијаtа не е толку страшна колку што е во северна Италија каде се наоѓаат градовите Милано, Торино, Бергамо, Бреша…
OhridNews
Во знак на солидарност, „You’ll never walk alone“ ечеше на над 180 радио станици ширум Европа