Корона вирусот (Ковид-19) е топ тема во светот. Прво се појави на истокот а моментално фаќа залет во Европа. Најпогодена земја е Италија но замав земав во сите земји и на големо се одложуваат сите спортски и културни настани. Серија А комплетно е стопирана еден месец, а веќе еден меч се одложи во Премиер лигата.
Одложена дерби средбата Манчестер Сити – Арсенал поради сопственикот на грчки Олимпијакос
Вечерва, фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал нема да истрчаат на Етихад да го одиграат заостанатиот натпревар од Премиер лигата. Дербито е одложено поради контакт на „топчиите“ со претседателот на Олимпијакос кој имал коронавирус. За потсетување, Арсенал и Олимпијакос ги одмерија силите во 1/16 финалето во Лигата на Европа, а фудбалерите на Арсенал ќе бидат изолирани.
Мбапе негативен на тестот за коронавирус
Супер ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе вчера вечер доби информации дека е негативен на коронавирусот откако се пожалил на настинка со слични симптоми како популарниот вирус (Ковид-19). Како што пренесуваат француските медиуми, Мбапе ќе биде дел од составот на ПСЖ кој вечерва на домашен терен ќе се сретне со Борусија Дортмунд во реваншот од 1/8 финалеот во ЛШ.
УЕФА: Рано е да донесеме одлука за ЕП 2020
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) после донесувањето на одлуката бараж натпреварите за ЕП да се играат без публика се огласи со сооопштение дека организацијата на Европското првенство 2020 не е загрозена. Од УЕФА информираат дека будно ја следат ситуацијата и ќе донесат одлука во вистинско време за најдоброто на сите.
OhridNews