Речиси во секоја земја од светот се појави коронавирусот и направи проблем при нормалното функционирање и одвивање на спортските настани. На почеток или дел се играа без публика, но националните федерации полека се одлучуваат за стопирање на првенствата.
Стоп за НБА
НБА лигата донесe итна одлука да се стопира шампионатот. На ваков потег челниците на најквалитетна лига се одлучија поради позитивниот тест на кошаркарот од Јута, Руди Губер. Мечевите се прекинати на неодредено време.
Лигата на Европа не оддолеа на коронавирусот
Најмасовното клупско натпреварување во фудбал на стариот континент, Лигата на Европа не оддолеа од коронавирусот и мораше да одложи две средби. Екипата на Рома не доби зелено светло да слета во Севиља за да го одигра мечот со истоимениот противник, додека шпански Гетафе вооптшо не отпатува во Милано за дуелот со Интер. Другите мечеви ќе се играат.
Даниеле Ругани од Јувентус позитивен на тестот за коронавирус
Екипите на Јувентус и Интер се во карантин поради позитивниот тест на Даниеле Ругани. Дефанзивецот на „старата дама“ се огласи на социјаните мрежи и ја потврди информацијата. Тој порача сите да ги почитуваат препораките и мерките за безбедност бидејќи вирусот не одбира, туку ги напаѓа сите.
Во вчерашниот ден, околу коронавурисот пишувавме за одложувањето на дерби средбата во Премиер лигата и негативниот тест на Килијан Мбапе, фудбалер на ПСЖ.
OhridNews