Голем дел од спортистите тренираат во домашни услови и ја одржуваат формата, но некои од нив дресот го заменија со бел мантил и се наоѓаат во првата борбена линија против коронавирусот. Од другите вести за издвојување е одлуката да се прекине француското првенство.
Норвешка репрезентативка дресот го замени со бел мантил
Ракометарката од Норвешка Малин Ауне без мислење аплицирала и побарала дозвола да работи како медицинско лице. Таа студира медицина и се уште нема допломирано, но норвешките власти и дозволиле да работи. Ауне изјави дека сакала да помогне без разлика каде ќе ја распоредат да работи. 25-годишната ракометарка го брани дресот на Кристијанштад и игра на десната крилна позиција.
Француското ракометно првенство откажано, ПСЖ нов шампион
Француската ракометна федерација го прекина првенството и лидерот на табелата Пари Сент Жермен го прогласи за нов шампион. Одлуката на ФРР не му отиде во прилог на второпласираниот Нант во кој настапува Кирил Лазаров. Веројатно, одлуката на Франција ќе окуражи повеќе федерации да донесат конечна разврска околу националните шампиони.
OhridNews