Информациите од спортов во изминативе 24 часа се движат во позитивен правец. Добри вести има од Италија, поранешна тенисерка со експлицитна фотографија ги разгори социјалните мрежи додека Тотенхем ја налути англиската јавност со не популарниот потег среде Лондон.
Радост во семејството на Малдини
Легендарниот фудбалер на Милан Паоло Малдини и неговиот син Даниел ја добија битката со коронавирусот и потополно се излечија. На фановите за поддршката во јавноста им се обрати Паоло Малдини. – Ви благодарам за убавите желби и молитви. Јас и Даниел ја добивме битката со коронавирусот. Наскоро јас ќе се вратам на работната позиција додека Даниел ќе започне со тренинзи. После позитивниот тест на Паоло и Даниел сите фудбалери, тренери и вработени во Милан мораа да поминат задолжителен карантин од двенедели.
Поранешната тенисерка Ешли Херклоуд го „запали“ Инстаграм
Поранешната тенисерка Ешли Херклоуд беше топ тема на социјалната мрежа Инстаграм, откако таа постираше гола фотографија на својот профил. Како објаснување, 34-годишната Херклоуд напиша дека штедела на облека и затоа се сликала целосно гола. На тениски план Херклоуд немаше некои позначајни успеси, а во фокусот ја јавноста беше 2008 година кога се сликаше за списанието, „Плејбој“.
Тотенхем опоменат за тренирањето среде Лондон
Градоначалникот на Лодон Садик Кан јавно го опомена Тотенхем за прекршување на правилата во време пандемијата на коронавирусот. Дел од играчите на „петлите“ тренирале во парк во Лондон и испратиле лош пример за останатите жители кои добиваат препораки да седат дома.
OhridNews