Во светот на спортот се’ се врти околу коронавирусот. Информациите се поделени. Една е негативна и доаѓа од елитниот ракометот, додека позитивната е поврзана со фудбалот и продолжување на активностите во Естонија.

Еден ракометар позитивен на тестот во Веспрем

Ниту спортски гигант каков што е унгарскиот ракометен клуб Веспрем не остана имун на коронавирусот. Клубот соопшти дека еден од нивните ракометари е позитивен на вирусот Ковид-19. Ракометарот побарал да не го објавуваат. Според процедурата тој ќе биде во самоизолација 14 денови, а потоа ќе подлежи на нови тестови. Во екипата на Веспрем настапува Дејан Манасков и неколку поранешни играчи на Вардар Арпад Штербик, Родриго Мораеш и Вуко Борозан.

Продолжија фудбалските активности во Естонија

Позитивна информација во битката со коронавирусот денеска дојде од Естонија. Екипите ја одиграа втората рунда од шампионат, откако фудбалски активности беа прекинати после само едно одиграно коло. Се уште не се знае дали и кога ќе продолжат шампионатите во другите земји од Европа.

OhridNews