За разлика од минатите денови, вестите и информации околу коронавирусот во светот на спортот се подобри. Победа во борбата со коронавирусот објавија шпанскиот клуб Валенсија и НБА екипа Бруклин додека австријците ги заштитија ракометари објавувајќи крај на сезоната.
Валенсија и Бруклин го победија вирусот
Фудбалскиот клуб Валенсија и кошаркарскиот клуб Бруклин објавија дека заразени играчи во екипите се излечија и дека нема нови позитивни случаи. Во шпанскиот состав бројката на заразени фудбалери се искачи на десет додека во тимот на Бруклин четворица кошаркари беа позитивни на тестот за коронавирусот.
Крај на сезоната за Митков и Костески, Крстески
Австриската ракометна федерација во договор со клубовите одлучи да ги прекине сите натпреварувања во женска и машка конкуренција. Според нив нема надеж дека сезона да продолжи, а целта е да им се даде шанса на клубовите да се подготват што подобро за наредната сезона. Актуелната сезона ќе заврши без шампион и ќе нема испаѓање од лигите. Со своите обврски за сезонава завршија Влатко Митков кој игра во Кремс односно Никола Костески и Горан Крестески кои ги бранат боите на Линц.
OhridNews
Валенсија нападната од коронавирусот
Коронавирус: Дурант и уште тројца нови кошаркари заразени во НБА, Еспањол потврди хаос во клубот