Од час во час се зголемува бројот на заразени спортиси со коронавирусот (Ковид -19) во светски рамки. Најголем пораст има во НБА лигата додека во екот на пандемијата радосна вест пристигнува од Бразил.

Позитивни на коронавирусот играчи од ЛА Лејкерс, Филаделфија, Бостон..

Трите екипи на социјалните мрежи потврдија дека во тимот имаат кошаркари заразени со коронавирусот. Сите кошаркари вклучувајќи ги стручниот штаб и вработените во клубот екпресно заминуваат на тестирање и карантин. Заразените кошаркари во самоизолација која трае 14 дена.

Тренерот на Фламенго го победи коронавирусот

Португалскиот стручњак Жорже Жесус го победи вирусот кој го покоси спортот во светот. На тренерот од Фламенго му беа извршени нови тестирања, кои, се покажаа негативни. Бразилскиот клуб ја потврди информацијата и ја израдува фудбалската јавност.

Натпреварот од ЛШ, Аталанта – Валенсија во Милано фатален за Италија

Една од најпогодените земји со коронавирусот е Италија. Италијаните секојдневно се соочуваат со нови заразазувања и починати лица како последица од коронавирусот. Психологот Франческо де Локе смета дека ситуацијата во Италија ескалирала после натпреварот Аталанта – Валенсија. Тој во изјава рече оти 40 000 луѓе од Бергамо отпатувале во Милано не почитувајќи никакви мерки и правила.

OhridNews