Коронавирусот ги прекина сите спортски активнисти во светот и им создаде големи проблеми околу финансиите на клубовите. Дел од нив ќе ја пребродат оваа ситуација додека некои тешко ќе се извлечат и ќе имаат трајни последици.

Откази во Динамо Загреб

Откако преговорите за намалување на платите не вродија со плод. Динамо Загреб се одлучи за радикален потег. Клубот му врачи отказ на сите асистенти на првиот тренер Ненад Бјелица. Раководните лица на Динамо Загреб се согласија за намалување на 60% од платите.

Милан го смени грбот во знак на поддршка

Екипата на Милан во знак на поддршка во борбата со коронавирусот го смени грбот. Клупскиот амблем е раздвоен на три дела, алудирајќи да се држи растојание помеѓу луѓето. „Раздвоеноста е нова снага. Сега мораме да бидеме раздвоени за подоцна да се споиме на посебен начин“, пишува во објавата на  социјалните мрежи од Милан.

Новак Ѓоковиќ донира респиратори за Србија

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена ќе донираат еден милион евра, кои, власите во Србија треба да ги искористат во купување на респиратори. Ѓоковиќ лично ќе се вложи респираторите да стигнат во најбрз можен рок и да му бидат на располагање на докторите во Србија во борбата со коронавирусот. Претходно ваква донација имаше тенисерската Ана Ивановиќ.

OhridNews