Секојдневно се зголемуваат спортистите кои се заразуваат со коронавирусот (ковид-19). Нови случаи се регистрани во НБА лигата, ракометната Бундес лига и шпанската фудбалска лига Примера.
Кевин Дурант и тројца кошаркари на Бруклин Нетс позитивни
Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Кевин Дурант бил позитивен на тестот за коронавирусот. После него на тестирањата позитивни биле уште тројца кошаркари. Натпреварите во НБА лига беа стопирани веднаш после потврдувањето на првиот случај.
Ширење на вирусот во Еспањол
Клубот од Барселона, Еспањол потврди шест случаи позитивни на коронавирусот. Позитивни на тестовите биле фудбалери и лица, кои, работат во клубот. Екипата комплетно заминува во 14-дневен карантин, а заразените во самоизолација.
Германски ракометен репрезентативец заразен со коронавирусот
Репрезентативецот на Германија, Јаник Колбахер е хоспитализиран со симптоми на коронавирусот. После тестовите, кои, биле позитивни членот на Рајн Некар Левен е задржан во самоизолација. Колбахер е заразен од данскиот ракометар Менса, кој беше прв ракометар со позитивен тест на вирусот во Бундес лигата.
Спортистите се честа мета на коронавирусот поради исцрпувањето на сите резерви во телото од тренинзите и натпреварите. Поради тоа сите натпревари и тренинзи на екипите ширум светот се прекинати и ќе продолжат после стабилизирање на ситуацијата.
OhridNews