Во делот од фудбалот во светските медиуми топ тема се тренерите. Имено, Жозе Мурињо слободното време го искористи да му помогне на народот односно на лицата кои не можат да си ги набават своите намирници додека Фатих Терим е првиот регистриран случај со коронавирус во фудбалот во Турција.

Мурињо во служба на народот (видео)

Често, Мурињо не покажува емоции и се држи строго до своите професионални принципи. Но овој пат, „специјалниот“ ја импресионираше јавноста ставајќи се во службата на народот. Мурињо, заедно со сопругата и ќерка си, делеа храна и лекови за лицата кои не можат и не смеат да излегуваат во време на пандемијата на коронавирусот.

Императорот заразен, но не се откажува во борбата со коронавирусот

Популарниот фудбалски „Император“, Фатих Терим откри дека е заразен со коронавирусот. 66-годишниот стратег изјави дека е во добри раце и нема намера лесно да се откаже во борбата. Тренерот на Галатасарај се огласи на социјалните мрежи и најави секојдневно известување за состојбата во која се наоѓа.

Според последните податоци, во светот заразени со коронавирусот се 350 535 лица. Излечени се 100 182 луѓе додека починати се 15 328.

OhridNews