Српскиот композитор Корнелије Ковач, кој се прослави со незаборавните композиции на Здравко Чолиќ, ќе биде гостин на Интернационалниот музички фестивал “Охрид фест – охридски трубадури 08”. Тој ќе ја промовира својата книга “Фалко и други приказни”, како и ЦД-то “Љубовни балади на Корнелије Ковач”. Воедно, Корнелије Ковач ќе биде и член на фестивалското жири во Интернационалната вечер на фестивалот.

Советот на фестивалот одлучи Рамиз Јусуфи – Цики да добие признание за придонес во развојот на музиката на Балканот, а се уште се размислува кои други балкански изведувачи ќе го добијат ова ласкаво признание. Минатата година со оваа награда се закитија српскиот текстописец Марина Туцаковиќ и бугарскиот композитор Тончо Русев. По повод јубилејот 15 години “Охрид фест – охридски трубадури”, за долгогодишна поддршка на фестивалот ќе бидат наградени: Димитар Чемков, Стојан Троицки, Валентина Тодоровска, Мирче Панев и Тимчо Апостолов.

ohridnews