Француската тенисерка Ализе Корне постави нов рекорд во женскиот професионален тенис. Таа по 63 обиди, успеа да се пласира на едно четвртфинале на Грен слем турнир.
Корне рано утрово ја победи поранешната прва тенисерка на светот, Симона Халеп (Романија) со 2-1, по сетови 6:4, 3:6 и 6:4.
Триесет и двегодишната Французинка во вториот сет пропушти брејк и загуби 16 поени во низа.
Претходниот рекорд по број на обиди за влез во четвртфинале на Грен слем турнирите му припаѓаше на Тамарин Танасугарн, која успеа на својот 45-ти. обид.
Корне до денес загуби шест пати во четвртото коло на Грен слем турнирите. За пласман во полуфиналето таа ќе ги одмери силите со Даниеле Колинс од САД.
OhridNews