Гранки и остатоци од дрвја се натрупуваат на вливот на реката Сатеска во Охридското Езеро. Веќе извесен период со механизација се уредува течението на реката Сатеска, но нејасно е дали природниот отпад на вливот во езерото е последица на акцијата за чистење на коритото, или се работи за отпад од нелегална сеча, или пак за нешто друго. Покрај дрва, Сатеска носи и големи количини песок кој се таложи на вливот во езерото каде е формиран полуостров. И покрај реакциите на екологистите и медиумите, надлежните институции го игнорираат проблемот на вливот од реката Сатеска во Охридското Езеро.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com