Полициски службеници од Отсекот за превенција во соработлка со Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид и РСБСП ја реализираа превентивната кампања „Користи зимска опрема, вози безбедно, вози одговорно“.

Притоа, на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, беа контролирани повеќе патнички и други моторни возила со укажување на неопходноста од поседување зимска опрема во возилата, но и од совесно и одговорно управување на возилата и прилагодување на брзината на движење кон условите на патот, информираат од МВР.

На возачите, посочуваат, им беа поделени едукативни летоци со соодветни совети за безбедно возење.

OhridNews