Со пораката од Светската федерација за срце: „Ние не знаеме во која насока пандемијата ќе се движи во иднина, но знаеме дека грижата за нашите срца токму сега е поважна од било кога“, Специјализираната болницата за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни болести го одбележа светскиот ден на срцето, 29 Септември.
Од болницата додаваат дека вообичаените прегледи кои се вршеа на овој ден на градскиот плоштад, оваа година ќе изостанат поради пандемијата од ковид -19. Но, затоа имаат порака до граѓаните.
„Срцето треба да се користи за победа на кардиоваскуларните болести“, – порачуваат од болницата.
Кардиоваскуларните болести се причина број еден за смртност на планетава. Тие имаат бројни причинители, од добро познатите дијабетес, покачен крвен притисок, гојазност, пушење, па до помалку познати како: аерозагадување и други ретки и занемарени состојби (кардијална амилоидоза, болеста на Chagas и др.)
Во време на КОВИД 19 пациентите со кардиоваскуларните болести се соочуваат со двојна закана, – не само што се во ризик да развијат потешки форми на болеста, туку тие можат и да се плашат да ја побараат потребната грижа за нивното кардиоваскуларно здравје, велат од болницата
Сите кои имаат потреба од медицински услуги поврзани со кардиоваскуларните болести со доследна примена на потребните мерки за заштита, здравјето на пациентите и на медицинскиот персонал, можат да ja посетат болницата! – информираат од Специјализираната болницата за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни болести.
OhridNews