На прв поглед оваа фотографија изгледа како насликана, но сепак таа е сложена како мозаик од пастелни бои. Иновативниот уметник Кристиан Фаур од САД се сетил дека од нив би можел да прави уметнички дела откако ја видел својата ќерка како ги сложува пастелните бои.
Рекол дека сеќавањата од најраното детство ги поврзува токму со пастелните бои. Додал дека сеуште никој до сега не направил вакви слики кои претставуваат истовремено и фотографија и скулптура. На фотографиите кои ги изработува најпрвин ги скенира и боите ги дели на групи. Потоа истите ги сложува според издвоените бои и ги става во дрвена рамка.