Американски пластичен хирург е под истрага бидејќи го користел салото од своите пациенти како гориво.
Тој всушност го користел салото кое го вадел од пациентите со липосукција. Тоа сало го преработувал во био-дизел гориво и со негова помош го возел автомобилот. Неговата веб страна www.lipodiesel.com и неговата клиника се затворени. Сеуште не се знае како тоа му успеало.
Во САД е илегално да се користи човечки медицински отпад како гориво.