Од локалната самоуправа упатуваат повик до корисниците на урбана опрема коишто имаат склучено договор со општина Охрид за поставување на урбана опрема, во најкраток можен рок да ги подмират обврските и да прибават одобренија за поставување на урбана опрема.
Физичките и правните лица коишто немаат склучено договори за поставување на урбана опрема, да поднесат барање за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема, велат од локалната самоуправа.
Додаваат дека доколку физичките и правните лица не постапат по горенаведеното, општина Охрид ќе пристапи кон отстранување на нелегално поставената урбана опрема.
OhridNews