Корисен семинар за фитнес и бодибилдинг со специјални гости од Скопје се одржа викендов кој измина во фитнес центарот „Фитформ“ во Охрид. На семинарот гости беа Тоше Зафиров неколку кратен шампион на Македонија и вицешампион на светско ниво и Ивица Алексоски кои несебично ги споделија своите искуства и знаење со охриѓани.
– Во фитнес центарот „Фитформ“ се одржа семинар за фитнес и бодибилдинг и промоција на суплементи и додатоци за исхраната од Кевин Лервон. На семинарот на кој гости ни беа Тоше Зафиров и Ивица Алексоски, а сите присутни можеа да се информираат и да постават прашања за било што поврзано со фитнесот и бодибилдингот. На мое големо задоволство одзивот беше голем и не само од членовите на „Фитформ“, туку и од останатите фитнес и бодибилдинг центри од градот. – изјави Гоце Мојсоски.
Впечатоците на охриѓани од можноста за дружење и разменување искуства со Зафиров и Алексоски беа одлични, а ваквите семинари ќе станат практика со која ќе се популаризира фитнесот и бодибилдингот.
– Впечатоците од семинарот беа одлични. Јас лично прво не очекував таква заинтересираност и посетеност, а изненадени беа и нашите гости од Скопје. Секако, дека ваквите посети ќе станат практика и низ вакви ќе го промовираме фитнесот и бодибилдингот како здрав и правилен спорт. За брзо време планирам и јас да отидам во Скопје и да одржам семинар околу вежбањето и здравата исхрана, а во текот на летото сигурно Тоше, Ивица и уште некој други реномирани имиња ќе дојдат во Охрид. – додаде Мојсоски.
Тој дополни дека ќе направи напори повторно да организира фитнес хепенинг на отворено како пред три години, кога фитнес ритамот го раздвижи Охрид. – Фитнес хепенингот на кој имаше гости надвор од државата требаше да се одржи и минатата година, но имавме краток временски период да се екипираме и одлучивме да не го организираме. Годинава, односно летово се надевам дека ќе го организираме и ќе го преставиме Охрид во светски рамки.
Мх.П.