Во раководните структури на Вилијамс Рејсинг нема да има повеќе членови од семејството Вилијамс кој ја формираше екипата пред 43 години. Сопственикот Сер Френк Вилијамс и неговата наследничка ќерката Клер ќе ќе го напуштат тимот, откако ги продадоа акциите на Доритон Капитал.

Семејството Вилијамс официјално ќе се повлече после трката во Монца за Големата награда на Италија.

Кога веќе е обезбедена иднината за тимот време е семејството Вилијамс да се повлече. Тимот секогаш бил дел од нас и затоа сакаме да се повлечеме бидејќи сметаме дека тоа е најдобро решение. – изјави Клер Вилијамс.

Во 43-годишната историја во Ф1 трките, екипата на Вилијамс освои седум титули во конкуренција на пилоти и девет во конкуренција на конструктори.

OhridNews