Деновиве е во тек акција за поправање на печатните грешките од знаците и патоказите кои недели наназад се поставуваат низ градот. На сликите е пример за корекција на кејот – претходно беше напишано „Улица кеј Маршал Тито“(?!). Добро е што се сепнаа на време (по наша сугестија) инаку ќе ни се смееше светот т.е. странските гости кои нели нестрпливо ги очекуваме.
Но, да бидеме искрени, имаат среќа што се работи за педесетина погрешно напишани знаци, замислете да се нашиве во ситуација во која се наоѓаат Кинезите пред престојната Олимпијада. Властите во Пекинг ќе мораат да корегираат преку 6.500 знаци напишани на погрешен англиски јазик. Од многубројните кинески „бисери“ ги двоиме „acid food“ или „racist park“ за собиралиштето посветено на етничките малцинства.
Ум за другпат. Петпати гледај, еднаш пишувај. Или така некако.
С. Костоски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com