Бројките кои беа презентирани од официјалните лица и институции изминатите два дена внесоа забуна во однос на вкупниот број на лица од Охрид кај кои е дијагностициран коронавирусот Ковид 19. .
Надлежните информираат дека статистичкиот податок е корегиран и дека официјално во Охрид двајца жители на градот се позитивни на тестот за коронавирус, додека уште едно лице, жител на Скопје, кое било во самоизолација во Охрид, исто така е позитивно на коронавирус. Оттаму според корегираната статистита на Институтот за јавно здравје, Охрид има два позитивни случаи на коронавирус.
Според последните информации објавени од Министерството за здравство, денеска до пладне во земјата се регистрирани 12 случаи на Ковид 19, со што вкупниот број на заразени се искачи на 148, едно лице се исзекувало, а две починале.
Г.М.