Со погодокот на Хоакин Кореа во судиското продолжение, Лацио извлече бод (1-1) и спречи радост на Милан на Олимпико во најинтересната средба од 13-та рунда во италијанската „калчо“ лига.
„Росонерите“ со голот на Френк Кеси во 78-та минута направија чекор напред кон голема победа. „Лацијалите“ после примениот погодок фрлија на една карта, а наградата за офанзивна игра стигна во третата минута од судиското продолжување. Кореа прими една топка надвор од казнетиот простор и во леј ја погоди целта и донесе реми за својата екипа.
На Лацио повеќе му одговора ремито, бидејќи ако Милан победеше во дербито ќе го прескокнеше римскиот клуб на табелата. Разликата после 13-ет одиграни средби помеѓу Лацио и Милан е еден бод.
Неделната програма во Серија А ќе се затвори со градското дерби помеѓу Џенова и Сампдорија.
OhridNews