Јужнокорескиот „Паразит“ на режисерот Бонг Јон-хо е апсолутен победник на 92. Оскари, откако освои четири награди од шест номинации. „Паразит“ е најдобар филм, Бонг Јон-хо  е најдобар режисер, а ги освои и Оскарите за најдобар странски филм и за сценарио, победувајќи епската приказна за Првата светска војна „1917“ на Сем Мендес, кои важеа за најголеми фаворите.


„Паразит“ го победи македонскиот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов во категоријата за најдобар странски филм. За најдобар документарен филм Оскарот отиде во рацете на екипата од „Американска фабрика“, на Стивен Богнар и Џулија Рајнхарт.

Хоакин Феникс го освои својот прв Оскар, за улогата на Џокер во истоимениот филм, а Рене Зелвегер својот втор Оскар за улогата на Џуди Гарланд во „Џуди“. Зелвегер има Оскар за женска споредна улога за „Студена планина“.

Бред Пит и Лора Дерн добија Оскари за најдобра машка и женска споредна улога, за ролјите во „Беше еднаш во…Холивуд“ и „Брачна приказна“.

Сер Елтон Џон доби Оскар за најдобра оригинална песна, а исландската композиторка Хилдур Гуднадотир Оскар за најдобра музика за филмот „Џокер“.

OhridNews