Фудбалерите на Воска Спорт, во натпревар со шест погодоци претрпеа пораз од второлигашот Кораб 2-4 (2-2), во контролната средба која се одигра на теренот со вештачка трева.

Двете екипи одиграа ефикасен натпревар, особено во првото полувреме во кое постигнаа по два голови. Кораб во два наврати имаше водство, а Воска Спорт два пати успеваше да се врати во игра. Во второто полувреме квалитетот на Кораб излезе на виделина и со два голови го реши победникот.

Контролните мечеви во Охрид продолжуваа утре (среда) со мечевите Охрид – Ренова, Пелистер – Работнички односно Тетекс – Кукс од Косово.

OhridNews