Фудбалерите на Кораб го задржаа стопроцетниот ефект после пет одиграни мечеви во Третата македонска фудбалска лига, откако со пресврт го совладаа Охрид (4-2) на „Атина Бојаџи“ стадионот.
Гостите од Дебар до трите бодови стигнаа во последните десеттина минути од натпревар во кој постигнаа три погодоци и ја анулираа предноста на домаќините (2-1).
Охридските бели првиот дел го завршија со водство 1-0 и ништо на теренот на наговестуваше таков расплет на настаните. Гостинските фудбалери не се предаваа и во последните минути покажаа на дело зошто се на врвот и зошто се вбројуваат меѓу аспирантите за влез во Втората лига.
Охриѓани по пет одиграни мечеви имаат шест бодови, додека Кораб со пет победи во исто толку натпревари е во самиот врв.
OhridNews