Екипата на Кораб од Дебар, неколку дена после завршувањето на есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад одлучи да стави крај на соработката со тренерот Боби Стојкоски.

По едногодишна соработка одлучи да ја раскине соработката со тренерот Боби Стојкоски. Бордот на директори му изразува благодарност за неговата посветеност во работата со тимот. – соопштија од клубот.

Кораб, во зимскиот преоден рок ќе треба прво да го реши тренерското прашање, а потоа да ја засили екипата за пролетниот дел од Втората лига.

Првата етапа, Кораб ја заврши на петтата позиција на табелата со 24 бодови.

 

OhridNews