Екипата на Кораб предводена од охриѓанецот Агрон Мерко од следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига-запад, откако ја осигура првата позиција во третолигашката конкуренција југо-запад.

Составот од Дебар на четири рунди до крајот на првенството има 12 бодови предност во однос на Преспа која има два натпревари повеќе одиграно и Фљамуртари кој заостанува 13 бодови. Титулата во Третата лига и билетот за вторилигашката елита фудбалерите на Кораб ја осигураа со маестралната игра во првата полусезона во која забележаа 12 победи и претрпеа еден пораз.

По решавањето на прашањето околу патникот во Втората лига, целиот фокус ќе се насочи кон борбата за опстанок. Могила и Баир Кркардаш кои се откажаа отпаѓаат, а како што стојат работите уште една екипа ќе треба да се пресели еден ранг подолу.

Резултати: Кравари – Преспа 3-5, Сатеска – Охрид 6-0, Велешта – Воска 2-1, Караорман – Октиси 1-2, Лирија – Кораб 4-3.

Табела: Кораб 49, Преспа 37, Фљамуртари 36, Караорман 35, Кравари 32, Влазними 30, Сатеска 29, Лирија 27, Охрид 26, Воска 23, Велешта 22, Октиси 22, Могила, Баир Кркардаш.

OhridNews