Екипата на Кораб ја реши тренерска дилема откако за нов шеф на стручниот штаб го назначи Назми Ајдини.

Ајдини на позицијата тренер во Кораб ќе го замени Боби Стојковски кој се раздели со клубот по завршувањето на есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Кораб првата етапа во второлигашкото друштво ја заврши на петтата позиција, со 24 бодови. Официјално деби на клупата на Кораб, Ајдини ќе има против Охрид, во првата рунда од пролетната полусезона.

OhridNews