Изминаа две прекрасни вечери од јубилејното 20- то по ред издание на фестивалот „Охрид Фест- Охридски трубадури“. Идејата овогодинешното издание да се одржи на нова локација, пред хотелот Палас се покажа оправдана, со оглед на преполното гледалиште изминатите два дена, вели првиот човек на фестивалот, композиторот и идеен творец на фестивалот, Григор Копров.
– Сакавме овие неколку дена градот да живее со фестивалот и успеавме во тоа. Уживаа најмладите првата вечер, уживаа и возрасните кои ја проследија фолк вечерта на која успеавме да ги донесеме 95% од најзначајните имиња од фолк естрадата, изјави Копров кој додаде дека фестивалот воедно претставува голема промоција за Охрид.
На вчера одржаната фолк вечер, првата награда од публиката замина во рацете на групата Биоритам за изведба на песната „Што ми вреди“, второ награден беше Милован Секулоски за песната „Кога ќе ти дадам ишарет“ и третонаградена Блага Петреска и песната „ Запеј генерацијо“.
Стручното жири се одлучи првата награда да и ја додели на песната „Нека памети“ во изведба на Сузана Спасовска, вторта награда на групата Биоритам и третонградена од стручното жири беше песната „Било еднаш и поминало“ во изведба на Благојче Стојановски.
Вечерва во рамки на поп вечерта ќе настапат 20 изведувачи и групи, меѓу кои и Искра Трпева, Биба Додева, Влатко Илиевски, Андријана Јаневска, Жармена.
Т.К.