Реплика на две од трите венчаници кои ги носела старлетата Ким Карадашиан на својата гламурозна свадба, а кои ги креирала дизајнерката Вера Ванг, ќе се најдат во продажба по цена од 1600 долари. Десет жени минале три месеци во креирање на единствената венчаница, која уловила одредена старомодна романтика.
Втората венчаница била тесна, и повеќе секси бидејќи стоела низ телото, а овие венчаници на продажба ќе се најдат во бутиците на “David’s Bridal” во февруари. Тоа е многу поскапо во однос на репликата од венчаницата на Кејт Мидлтон која се продава по цена од 800 долари.