Единствената позната копија на тестаментот на францускиот император Наполеон била продадена на аукција за 357 илјади евра, што е двојно повеќе од очекуваното, соопштила париската аукциска куќа Друо. Анонимниот купувач најавил дека документот ќе го чува во приватна колекција. Тестаментот, датиран на 16 април 1821 година, нуди увид во последните моменти на Наполеон. Славниот француски војсководец и државник умрел 19 дена по составувањето на документот.

Царот пред својата смрт изразил желба неговата пепел да биде расеана во Париз над реката Сена. Неговите посмртни остатоци, две децении подоцна, биле пренесени во Франција и закопани во домот на инавалиди во Париз. Оригиналниот тестамент, испишан со нејасниот ракопис на Наполеон, се наоѓа во францускиот национален архив. Копијата, која ја напишал советникот на Наполеон, пред почетокот на лицитацијата била проценета на 120 илјади евра.