Репрезентацијата на Чиле моќно ја започна одбраната на титулата на Копа Америка славејќи со високи 4-0 против селекцијата на Јапонија во вториот натпревар од првата рунда во групата Ц. На стартот победа забележа и Уругвај кој со идентични 4-0 го совлада составот на Еквадор.

Чилеанските фудбалери во финишот од првиот дел го скршија отпорот на јапонците кои добро парираа. Ерик Пулгар во 41-та минута го најде патот до противничката мрежа за водство 1-0. Во 54-та минута Чиле преку Едуардо Варгас зголеми на 2-0 а за 3-0 реализираше Алексис Санчез. Конечните 4-0 ги постави Едуардо Варгас со вториот погодок на мечот.

Чиле и Уругвај со три бодови го делат првото место во групата Ц а Јапонија и Еквадор во втората рунда ќе атакуваат на првите бодови на Копа Америка.

OhridNews