Бразилската фудбалска селекција е првиот финалист на Копа Америка. „Кариоките“ во финалето ја совладаа Аргентина предводена од Лионел Меси во супер дербито со 2-0.
Аргентина во текот на целиот натпревар ја имаше топката во своите нозе, но Бразил реализираше две шанси од приликите кои ги создаде, наспроти „гаучосите“ кои не ја погодија целта. Во 19-та минута, Габриел Жесус го отвори резултатот после додавањето од Роберто Фирмино. Асистентот на првиот погодок беше во улога на егзекутор за дуплирање на предноста на Бразил. Фирмино со гол ја круниса добрата полу контра на Габриел Жесус.
Бразил во финалето ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинален натпревар помеѓу Чиле и Перу, додека Аргентина во малото финале ќе се бори за третото место.
OhridNews