Познати се сите осум репрезентации кои се дел од четвртфиналето на Копа Америка, откако завршија натпреварите по групи.  Како првопласирани од групите пласман обезбедија Бразил, Уругвај и Колумбија, на втората позиција во групите финишираа Венецуела, Аргентина и Чиле, додека како третопласирани во ТОП 8 билет обезбедија Парагвај и Перу.

Четвртфиналните пресметки ги отвара домаќинот Бразил против Парагвај, потоа следуваат дуелите помеѓу Венецуела – Аргентина односно Колумбија – Чиле а завршуваат со средбата Уругвај – Перу.

Ако селекциите на Бразил и Аргентина успешно ги поминат четвртфиналните препреки ќе закажат меѓусебен дуел во 1/2 финалето кој ќе биде финале пред финалето. На спротивната страна вистински тест за шампионот Чиле ќе биде сребдата со Колумбиија а победникот од овој меч ќе се сретне со подобриот од Уругвај – Перу.

Четвртфиналните возбудувања почнуваат на 27 јуни.

OhridNews