Селекцијата на Бразил освои само бод на дуелот со репрезентацијата на Венецуела ремизирајќи 0-0, додека Перу забележа важна победа совладувајќи ја Боливија со 3-1 во втората рунда од фазата по групи на Копа Америка.
„Кариоките“ доминираа на мечот со Венецуела но офанзивците не најдоа начин да го пробијат гостинскиот бедем. Кога ќе го направеа тоа тука беше ВАР системот кој поништи два голови и еден пенал досуден за Бразил.
Репрезентацијата на Перу со пресврт славеше против Боливија и се доближи до нокаут фазата на Копа Америка. Боливија поведе со голот на Марсело Морено во 28-та минута. Во 45-та минута Перу преку Хозе Паоло Гереро изедначи. После десет минути игра во второто полувреме Фарфан погоди за водство 2-1, а конечните 3-1 ги постави Едисон Флорес во 90-та минута.
Бразил и Перу со четири бодови ја делат првата позиција на табелата во групата А, а потоа следува Венецуела со два бодови односно Боливија без бодови.
OhridNews