„Кариоките“ забележаа висока и убедлива победа против Перу 5-0 (3-0) во третата рунда од фазата по групи и го осигураа првото место на табелата во Група А. Заедно со Бразил во елиминациската фаза патува и Венецуела која со 3-0 ја совлада Боливија, додека Перу ќе чека расплет во останатите групи.

Бразил дилемите околу победникот ги реши во воведните дваесет минути во кои преку Касемиро и Фирмино два пати ја погоди мрежата на противникот. До крајот на првиот дел, Евертон зголеми на 3-0. Во второто полувреме нападите на Бразил продолжија а резултатираа со два погодоци.  Во 53-та минута Дани Алвес погоди за 4-0, а Вилијан во 90-та минута ги постави конечните 5-0. Во судиското продолжение Габриел Жесус пропушти прилика од белата точка да го заокружи блескавото издание на бразилскиот состав.

Резултати: Перу – Бразил 0-4, Боливија – Венецуела 1-3

Табела: Бразил 7, Венецуела 5, Перу 4, Боливија 0

OhridNews