Селекциите на Бразил и Перу се првите патници во полуфиналето во Копа Америка.
„Кариоките“ во четвртфиналната пресметка со 1-0 го совладаа Чиле, додека Перу после изведувањето на пеналите го елиминираше Парагвај со 4-3, откако регуларниот дел заврши 3-3.
Токму Бразил и Перу ја формираат првата полуфинална двојка. Вториот пат ќе се дознае после четвртфиналните мечеви Уругвај – Колумбија односно Аргентина – Еквадор.
OhridNews