Репрезентациите на Аргентина и Колумбија ќе ги одмерат силите во 1/2 финалето од Копа Америка, откако успешно ги поминаа своите ривали во четвртфиналните пресметки.
„Гаучосите“ со 3-0 го совладаа Еквадор, додека Колумбија после изведување на пеналите славеше во средбата со Уругвај (4-2). Регуларниот дел заврши 0-0.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат селекции Бразил – Перу.
OhridNews